Нов асфалт за улицата „Црноречка” во Кавадаречкиот, денеска најави градоначалникот Александар Панов. На улицата претходно била извршена комплетна реконструкција на водоводната линија, која во минатото била изградена самоиницијативно.
-Се работи и на улицата „Праведничка”, таму имаме реконструкција на водоводната и канализационата линија од страна на јавното претпријатие „Комуналец” од Кавадарци. Ни завршија два тендера во вредност од околу четири милиони денари за уште една интервенција на таа улица, рече Панов
Градоначалникот најави уште еден тендер од околу два милиона денари кој се однесува за истата улица. Со тоа, како што рече, во таа улица ќе се вложат околу 100 илјади евра.
0 comments:
Post a Comment