Thursday, April 14, 2016

МАНИФЕСТАЦИЈА „ПРИЈАТЕЛИТЕ ЗА СОКОЛ – 2016“ ВО КАВАДАРЦИ



Во сабота, 16 април, во Кавадарци ќе се одржи манифестацијата “Пријателите за Сокол – 2016“, која долгогодишните соработници и пријатели собрани во неформалната уметничка група “Сокол Арт“ ја организираат и посветуваат на Денот на раѓањето (16 април 1957) на еден од најголемите кавадаречки и македонски ликовни уметници Ристо Соколов Сокол.

Манифестацијата “Пријателите за Сокол – 2016“, која што ќе се одржи во летната бавча на пица ресторанот “Астрато“ со официјална програма од 19 до 21 часот, ќе содржи ликовен перформанс, ликовна и фотографска изложба, видео проекција, концерт и промоција на книга со поезија на Марјан Тодоровски и црно бели репродукции на ликовни дела на Ристо Соколов Сокол.

Учесници се познати кавадаречки ликовни уметници, актери, поети, музичари и фотографи.

Инаку, Ристо Соколов Сокол, роден на ден Велигден - 16 април 1957 е еден од големите уметници од Кавадарци и Македонија, кој со својата тотална уметност изразена преку ликовни интервенции и перформанси, ликовни изложби, мултимедијални проекти, сценографии за бројни настани, организација на врвни ликовни колонии и уметнички фестивали, соработка со уметници од сите дејности (ликовна уметност, музика, фотографија, театар, литература и др.) ќе остане запаметен низ бројните дела, но и интервенциите во бројни јавни објекти во Кавадарци и низ Македонија.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП