Најатрактивната манифестација на „Тиквешкиот гроздобер“ - Винскиот карневал, се очекува годинава да биде меѓу најдобрите, со оглед на подготовките кои се прават.
Организаторот “Агенцијата за организирање на Општинските манифестации за 2016 година” и Општина Кавадарци одржаа заедничка средба со директори и претставници на основните и средни училишта во Општинава со цел да да се започне со подготовките за учество на Винскиот карневал, кој е масовно посетена содржина на Гроздоберот.
- Годинава ова манифестрација во Кавадарци ке се одржи првата недела од месец септември и спремни сме да ги збогатиме поставките на карневалот. Како организатори го зголемивме буџетот за учество на поставки на карневалот. Ќе финасираме 10 нови поставки од основните училишта за Винскииот карневал. Тоа ќе го направиме со по 12.000 денари во материјали потребни за маските. Во главниот карневал ќе можат да се вклучат и ученици од 8 и 9 одделение што се прави за прв пат, вели Зоран Станоев-Дејзи, претставник на организаторот на Виснкиот карневал.
Присутните на средбата поставуваа прашања поврзани со карневалот и нивното учество кое веројатно годинава ке биде најмасовно досега.
Инаку покрај средства обезбедени се и логистика и сугестии за време траењето на изработката на карневалските маски како и награди за најдобро изработените карневаскли поставки.
- Се работи за 60 илјади денари за прво, 42 илјади денари за второ и 30 илјади денари за трето место. Организаторот сугерира во финасирањето на средствата училиштатата и другите граѓански здруженија и граѓани да ги коистат и винариите кои планираат да земат учество на годинашнава манифестација која граѓаните ја очекуват на почетокот на месец септрември, вели Станоев.
Тоа што подготовките започнаа во април, за да завршат во септември е добар потег на Локалната самоуправа и Организатотот на Винскииот карневал, кој веројатно ќе придонесе за целосно подобра манифестација „Тиквешки Гроздобер 2016“.
Текст/Фото: Марјан Димитров
0 comments:
Post a Comment