Saturday, April 16, 2016

МЗТ СО ЛЕСНА ПОБЕДА НАД ФЕНИ


МЗТ Скопје немаше проблеми во мечот против Фени Индустри кој немаше ниту сила ниту квалитет да му парира на актуелниот првак.


„Металците“ на крајот славеа со 81:58 во меч во кој што домаќините ја оправдаа фаворитската улога и целосно доминираа во натпреварот. Најефикасен во натпреварот беше Младеновски кој што уфрли 17 поени, пред Протиќ со 13 и Дреновац со 12 поени. Кај Фени кошаркар со најмногу поени беше Враговиќ со 16 поени.

Работнички на свој терен беше поразен од Карпош Соколи со 80:98. Најтрофејниот македонски тим го загуби натпреварот во втората и во третата четвртина кога гостите доминираа на теренот, а во четвртата немаа сила да се вратат во мечот и да избегнат пораз. Не помогнаа ниту 28. поени на Чековски, а кај Соколи најефикасен беше Петровиќ со 21 поен.
Струмица немаше проблеми во мечот со Бест и го доби со 89:58, а Куманово очекувано пред своите навивачи го победи Кожув со 86:80.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП