Sunday, April 17, 2016

ВЕЧЕР ПОСВЕТЕНА НА РИСТО СОКОЛОВ СОКОЛ



Вечер посветена на познатиот ликовен уметник кој почина пред една година, Ристо Соколов Сокол, беше организирана синоќа во Кавадарци. Промовирана беше новата збирка песни под наслов „Нашиот блуз„ напишана од неговиот пријател Марјан Тодоровски и самиот Соколов.

- Со манифестацијата „Пријателите за Сокол - 2016“ долгогодишните соработници и пријатели го одбележаа денот на раѓањето (16 април 1957) на еден од најголемите кавадаречки и македонски ликовни уметници Ристо Соколов Сокол. Ликовниот перформанс го направи ликовниот уметник Трајче Јованов. Фотографската изложба не потсети на дела на Соколов и неговиот лик видени преку објективот на неговите пријатели, рекоа неговите пријатели организатори на настанот.

Присутните преку видео проекција можеа да следат моменти од неговите и заедничките творечки моменти. Актерот Александар Малинков потсети на ликот на Ристо Соколов Сокол.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП