Во Кавадарци денеска ќе се одржи манифестација третата манифестација „Ден на партнерства на Вардарскиот плански регион“.
Во рамки на манифестацијата ќе биде отворен Регионалниот центар за поддршка на граѓанското општество во општините во Вардарскиот плански регион, проект финансиран од Министерството за локална самоуправа - Биро за регионален развој, програма за рамномерен регионален развој, во вредност од четири милиони денари.
Во тек на манифестацијата ќе бидат ставени во функција и објекти за поголема мобилност на лицата со попреченост, а ќе бидат промовирани и потенцијалите за развој на руралниот туризам, проекти што се реализираат во соработка со Министерството за локална самоуправа, Вардарскиот плански регион и УНДП.
На манифестацијата ќе присуствува државниот секретар во Министерството за локална самоуправа Билјана Цветановска-Гугоска.
0 comments:
Post a Comment