Saturday, April 30, 2016

ВО КАВАДАРЦИ ИЗБРАНИ НАЈДОБРИТЕ УМЕТНИЧКИ ДЕЛА ОД РЕЦИКЛИРАН МАТЕРИЈАЛ



Регионалното еколошко друштво “Еко живот” од Кавадарци, денеска ги соопшти резултатите од натпреварот за најубави еко-уметнички дела направени од рециклиран материјал изработени од ученици од неколку училишта во регионот.

– Првата и третата награда за надобро изработено уметничко дело од рециклиран материјал ја освоија групите составени од неколку ученици од основното општинско училиште “Тошо Велков Пепето” од Кавадарци. Втората награда им припадна на групата ученици од кавадаречкото основно училиште “Тоде Хаџи Тефов”, соопшти претседателот на друштвото Роберто Паризов.

Тој нагласи дека целта на овој натпревар како и впрочем на другите вакви слични кои континуирано ги организираат, е да се подигне нивото на еколошка свест и да се сфати значењето на чистата и здрава животна средина.

Паризов се осврна и на многубројните други еко активности кои им претстојат како друштво кое е член и на Движењето на екологисти на Македонија, меѓу кои решавање на проблемите со еколошки жешките точки во регионот.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП