двокрадци кои организирано оперирале во кавадаречко биле фатени во петокот попладнето
-Лицата извршиле бесправна сеча на дрва за огрев во атарот на кавадаречките села Страгово и Бунарче. Лицата беа приведени и задржани. Одземени им беа моторните пили, количината на дрва и нивните возила. Се работи за организирана група на криминалци кои оперираат во Тиквешијата. Ке им се суди по брза постапка-рекоа нашите
извори.
Магистер Петко Ристовски, шеф на службата за заштита на шуми во подружницата на “Македонски шуми”, “Бор” во Кавадарци, кажува за “Дневник” дека навистина станува збор за организирана група на дрвокрадци која била следена и фатена во рамките на акцијата “Гора” во која се вклучени стандардната, граничната и шумската полиција, но и претставници на “Македонски шуми”.

- Откако стапи на сила законското решение со кое се одземаат возилата со кои се пренесуваат дрва за огрев, трупци и граѓа без довола во 2007 година па до сега, на територијата на Кавадарци и Росоман се одземени вкупно 71 возило. Крадени дрва се превезуваат со коњски коли, фиќиња но и со мерцедес. Имаме одземено 9 запрежни коли и три трактори, 46 патнички моторни возила меѓу кои 8 фиќиња, југо, застави 101 и 128, 4 тамчиња и исто толку комбиња, но и по еден мерцедес и џип-открива тој.
Ристовски ни соопшти од почетокот на годинава до денес биле одземени 17 патнички моторни возила со кои била пренесувана дрвна маса без дозвола за сеча. Од дрвокрадците биле запленети и 23.41 метри кубни огревно дрво.

Инаку, во последната акција во петокот, одземени биле 3 патнички моторни возила и 3.5 кубни метри огревно дрво.
Настанот го потврди и портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.
-Изминатиов викенд полициски службеници од полициска станица Кавадарци во содејство со шумска полиција и надлежен инспектор од Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство, извршија контрола во атар на село Бунарче општина Кавадарци, во однос на бесправен превоз на огревни дрва, како и пустошење шуми и шумски кражби . При тоа, лишени се од слобода шест лица , одземени се три патнички автомобила и 4,3 метри просторни огревни дрва и пронајдени се 3 моторни пили. Се работи на целосно документирање на настанот-ни рече Стојковска.
Пишува: Марјан Димитров
0 comments:
Post a Comment