Според информацијата на Јагода Нацева-наш голем стручњак по гимнастика, младите на КГС„ПАРТИЗАН“, се натперварувале во прескок, натпревар на греда, разбој и на партер.
Првото место и златниот медал во поединечна конкуренција го освои Марија Вчкова.
Покрај Нацева, заслужна за успехот е и Елена Каракулева - инаку помлад тренер во клубот, која работи со помладите пионерки.
Потоа беше организирано задничко дружење на гимнастичарите - постари пионери, каде беа разменети искуства од секојдневната работа.
- На 11 октомври нашите гимнастичари патуваат во Прлеп каде ке учествуват на регионален натпревар во гимнастика.
Овие натпреварувања му претходат на Државното првенство кое е планирано да се одржи на крајот на октомври во Битола, вели Јагода Нацева, тренер по гимнастика на клубот КГС„ПАРТИЗАН“ од Кавадарци.
Нашиот клуб инаку редовните тренинзи ги изведува во ООУ„Тошо Велков Пепето“.
Пишува: Марјан Димитров
Пишува: Марјан Димитров
0 comments:
Post a Comment