Monday, September 28, 2015

ТЕХНОЛОГИЈА: CAR-TO-CAR ЌЕ БИДЕ ГАРАНЦИЈА ЗА ПОБЕЗБЕДНО ВОЗЕЊЕ

Car-to-car технологијата која што предупредува на можен судир со друг автомобил ќе почне да се вградува во авотомбилите за неколку години.


Харихаран Кришнан од Џенерал моторс потсетува на некој математички гениј со неговите ситни очила и мустаќите. Еден сончев ден минатиот септември возејќи лудо со „кадилак DTS“ тој го тестираше неговиот најнов изум. На тие што го набљудувале не им било јасно што се случува кога забрзувајќи му светнала сијаличка на шал таблата, се слушнал звук на аларм, седиштата почнале да се тресат и одеднаш автомобилот застанал. Само што сопрел Кришман, покрај неговиот автомобил пролетал друг автомобил од левата страна. Кришман во никој случај не можел да го види другиот автомобил затоа што видикот му го попречувала зелената ограда.

Технологијата којашто го предупредила на можниот судир со друг автомобил ќе почне да се вградува во авотомбилите за неколку години. Се нарекува комуникација „автомобил-до-автомобил“ или „кола-до-кола“ и им овозможува на автомобилите да испраќаат сигнали за нивната позиција, состојбата со кочницата, брзината со која се движат, состојбата на воланот и други податоци на растојание од неколку стотини метри. Другите автомобили ќе ги добијат тие податоци и ќе имаат детална слика за тоа што се случува во поблиската околина, препознавајќи ја опасноста која ги демне, што во никој случај не би можел да ја избегне ни највнимателниот возач или да ја предвиди најдобриот сензор.


Голем дел од возилата веќе содржат инструменти кои користат радар или ултразвук за да детектираат пречки на патот или автомобили, но опсегот на таквите сензори е ограничен на растојание од триесетина метри и не можат да детектираат ништо доколку има некаков ѕид или друга пречка.

Комуникацијата автомобил-до-автомобил исто така ќе има големо влијание за унапредување на технологиите за автоматизација на автомобилите. Иако беспилотните возила би биле побезбедни, тие сепак не се совршени и не е потврдена нивната ефикасност, а сензорите и софтверот кои се вградени во нив лесно може да се оневозможат поради лоши временски услови, неочекувани пречки и околности или при возење низ градски метеж. Едноставното безжично мрежно поврзување на возилата веројатно ќе има далеку поголем и понепосреден ефект на безбедноста на патиштата.

Креирањето мрежа од безжично поврзани автомобили е комплициран предизвик

Компјутерите вградени во секое возило десет пати во секунда ги процесуираат податоците кои ги емитуваат останатите возила во непосредна близина, притоа секој пат ја пресметуваат веројатноста од судир. Трансмитерите користат одреден дел од безжичниот простор и нов стандард за безжично мрежно поврзување, 802.11p, за да идентификуваат секоја порака.

Постојат и некои други опции на таквите системи. Кога автомобилите ќе се паркираат таму каде што веќе има автомобил ќе се вклучува аларм. Кога возачите ќе се обидат да прават некои опасни маневри во близина на возило ќе светнува сијаличка на шал таблата и ќе се слушне предупредување: „Наидува возило“.

Повеќе од 1,2 милиони луѓе годишно се жртви на сообраќајни несреќи, а околу 50 милиони се повредени. Идејата да се спречат толку многу изгубени животи е поттик за компјутерската технологија.

Градот Ен Арбор во близина на Ворен, Мичиген, е прав доказ за значењето на комуникацијата меѓу автомобилите. Во периодот меѓу 2012 и 2014 година Националната агенција за безбедност на патиштата и Универзитетот Мичиген опремиле околу 3.000 автомобили со ескпериментални трансмитери. Откако ги разгледале податоците од возила за тој временски период истражувачите од Институтот за истражување на транспортот при Универзитетот во Мичиген заклучиле дека таквата технологија може да спречи повеќе од половина милион судири годишно и да спаси повеќе од илјада луѓе од ненадејна смрт во сообраќајна незгода само во САД. Технологијата е вистинска револуција во управувањето со автомобилите.

Кратко по завршувањето на тест-периодот во Ен Арбор американското Министерство за транспорт најавува дека ќе почне со изработка на правилата за сообраќање со мрежно поврзани автомобили. Истата технологија се тестира и во Европа и во Јапонија.

Се разбира дека ќе се наиде на пречки при реализацијата на идејата. Џенерал моторс најави дека ќе го вгради системот за безжична комуникација меѓу автомобилите во моделот на „кадилак“ кој ќе го пласира на пазарот во 2017 година. Тие автомобили нема да имаат многу „пријатели за комуникација“, зашто се смета дека ќе поминат десетина години додека целосно се имплементира тој систем на глобално ниво.

Извор: Inovativnost

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП