Monday, April 11, 2016

ОТКРИЕНИ 20 АВГАНИСТАНЦИ ВО ВОЗИЛО КАЈ КАВАДАРЦИ, ВОЗАЧОТ ПОБЕГНАЛ



На патниот правец Кавадарци-Мушов Гроб, вчера околу 7 часот, во патничко моторно возило „форд галакси“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.И. (22) од скопското село Батинци, полициски службеници откриле 20 илегални мигранти од Авганистан.

МВР денеска соопшти дека возачот на возилото не бил пронајден.

Кога ги забележал полициските службеници, возачот го запрел возилото и побегнал. Илегалните мигранти, се посочува во соопштението, биле донесени во полициската станица за граничен надзор Михајлово и со нив бил извршен разговор. Дел од мигрантите со потврда за предавања на лица се предадени во Прифатен центар за странски државјани-Скопје, а останатите во Прифатен центар за баратели на азил-Визбегово, Скопје. 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП