Friday, April 8, 2016

КАВАДАРЦИ ЌЕ ДОБИЕ УШТЕ ЕДНА ГРАДИНКА


Кавадарци ќе добие уште една градинка, најави денеска секретарот во локалната самоуправа Кире Делов, на одбележувањето на 53 години од постоењето на детската градинка „Рада Поцева”.



Во обраќањето тој нагласи дека во градинката се организирани и се реализираат бројни активности, било тоа да се спортски рекреативни, културно-забавни и воспитно образовни.

– Постојано посветуваме посебно внимание за надградување на условите за работа и престој на малите деца и ги знаеме капацитетите со кои располага градинката. Затоа во ова прилика сакам да потсетам дека во план е изградба на нов објект односно реконструкција и адаптација на старата лабараторија, каде за неколку месеци ќе треба да биде подигната градинка каде ќе бидат сместени околу 100 дечиња, рече Делов.

Тој нагласи дека новата градинка нема да ги задоволи потребите на градот, но ке биде стимул за понатамошно и целосно комплетирање на овие проблеми околу обезбедување простор за најмладите.

По положувањето на цвеќе пред споменикот во центарот на градот, се реализираше и богата културна уметничка програма во чест на патронатот.

– Покрај тоа денеска вторпат ќе го ставиме зеленото еко знаме како резултат на проектот „Интеграција и едукација на воспитно- образовната работа“ на ниво на држава. Задоволни сме затоа што кај нас детската градинка е куќа на децата со детска радост и смеа .Тие се најубавата ливада и покрај тоа што садат цвеќиња, рече директорката Снежана Ганчева.

Низ сите овие години, истакна таа, низ градинката поминале многу деца. Само лани се запишале 1000 и сега престојуваат толку, а капацитетот е за 500 деца.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП