Академик Глигор Чемерски е роден во Кавадарци на 9 март 1940 година. По завршеното средно образование во Скопје се запишува на Академијата за ликовни уметности во Белград, каде што дипломира во 1963 година. Потоа, на истата Академија завршува постдипломски студии и се стекнува со звањето магистер на сликарство. Како стипендист на француската влада бил на студиски престој во Париз во 1969/70 година.
Оттогаш реализирал повеќе студиски патувања во Египет, Грција, Италија, Холандија, Германија, Шведска, САД, а од 1983 до 2003 година бил еден од постојаните сликари на Гаиерие ду Флеуве во Париз.
Смртта го затекна како Секретар на Одделението за уметност на Македонската академија на науките и уметностите и во екот на подготовките за неговата претстојна изложба во Српската академија на науките и уметностите.
Погребот на академик Чемерски ќе се изврши на Градските гробишта во „Бутел“ на 5 април во 13 часот, а посмртните останки ќе бидат изложени во капелата во Бутел од 12 до 13 часот.
0 comments:
Post a Comment