Кавадарчани мечот го решија уште во првиот период кој го решија во своја полза со 38:16, а домаќинот беше убедлив и по вторите десет минути по кои стигна со водство од 58:25.
Во продолжението од натпреварот кога победникот веќе беше јасен Фени Индустри го намали темпото, но и во завршната четвртина од средбата успеа да ја зголеми предноста за конечна победа од 102:63.
Комплетната стартна петорка на Фени Индустри имаше двоцифрен број на поени, а најефикасен со 18 беше Кирил Николовски. Владимир Ивеља постигна 17 додека Карло Враговиќ беше стрелец на 16.
Во поразениот тим Марко Маринковиќ забележа 14, а Тајрон Харис впиша 12 поени.
Денес на програмата се натпреварите Работнички - Куманово и Кожув - Струмица додека дербито на колото се игра во вторник, а се среќаваат МЗТ Скопје и Карпош Соколи.
0 comments:
Post a Comment