На 15 ноември, 2015 година во Спортската сала на Факултетот за Физичка култура и здравје се одржа Меѓународниот натпревар 13 Ноември.
На натпреварот учествуваа 261 натпреварувачи од 32 клубови од Македонија, Србија и Бугарија. Од КК Урбан Инвест учествуваше со бројна екипа. Карате клубот Урбан Инвест со освоени 15 златни, 10 сребрени и 11 бронзени медали се пласираше на првото место од 32 клубови. Покрај пласманот на првото место по број на освоени медали, КК Урбан Инвест доби пехар за најбројна екипа на натпреварот.
Златни медали освоија: Владанка Аврамова – кати поединечно 2002 година, Петар Аврамов –кати поединечно 2003 година, Лили Маневска - кати поединечно сениорки, Надица Цветковска - кати 2007 година, Јована Манева - кати поединечно 2005 година, Владанка Аврамова - кати поединечно кадетки, Данка Стојкова - кати поединечно 2006 година, Петар Аврамова - кати поединечно 2004 година, Лили Маневска - кати сениорки, Филип Гурев - кати поединечно 2005 година, Ката тим 2002/2003 години во состав: Владанка Аврамова, Ивона Муфтарова и Миа Маневска, Ката тим 2002/2003 година во состав: Петар Аврамова, Игор Јовков и Илија Димитријов , Ката тим 2004/2005 година во состав: Петар Аврамов, Никита Николоски и Лазар Стоев, Ката тим кадети/јуниори во состав: Блаже Коневски, Звонко Николоски и Игор Јовков, Ката тим кадетки/јуниорки во состав: Владанка Аврамова, Лили Маневска и Моника Кох.
Сребрени медали им припаднаа на: Ивона Муфтарова – во кати поединечно 2002 година, Анастазија Ристов - кати поединечно 2004 година, Моника Коцх - кати поединечно кадетки, Игор Јовков - кати поединечно 2002 година, Звонко Николоски - кати поединечно кадети, Никита Николоски - кати поединечно 2004 година, Лазар Стоев - кати поединечно 2004 година, Кристијан Митрев - кати поединечно 2007 година, Ката тим кадетки/јуниорки во состав: Лидија Ангелкова, Марија Ѓорѓиева, Тамара Манева, Ката тим 2006-2007 во состав: Данка Стојкова, Јована Манева и Надица Цветковска.
Бронзени медали за: Илија Димитријов - кати поединечно 2002 година, Марија Ѓорѓиева - кати поединечно кадетки, Стефанија Грозданова - кати поединечно 2004 година, Миа Маневска - кати 2002 година, Мелани Богева - кати поединечно 2004 година, Лидија Анѓелкова - кати поединечно кадетки, Марија Трајкова - кати поединечно 2004 година, Томе Ѓондев - кати поединечно 2005 година, Ката тим 2004 - 2005 година во состав: Анастазија Ристов, Данка Стојкова и Стефанија Грозданова ,Ката тим 2004 - 2005 во состав: Томе Ѓондев, Филип Гурев и Јордан Солеников и Ката тим 2006 - 2007 во состав: Александар Стојков, Кристијан Митрев и Мартин Прстенков.
Инаку КК Урбан Инвест во 2015 година учествуваше на 5 - Меѓународни натпревари во Македонија и на сите нив беше прв на ранг листата: На Фунакоши опен -15.03.2015-17 златни, 17 сребрени и 15 бронзени. Владанка со 3 освоени златни медали најуспешна на натпреварот на ,,Солидарност опен,, - 19.04.2015-14 златни, 12 сребрени и 11 бронзени. Петар со две освоени златни медали најдобар на натпреварот, на Тетово опен -24.10.2015 - 8 златни, 7 сребрени и 11 бронзени, на Никола Грдановски -Нике - 07.11.2015 -10 златни, 10 сребрени и 9 бронзени. Владанка и Петар со по три освоени златни медали најуспешни на натпреварот. На турнирот 13 Ноември вчера 15.11.2015 година освоени се 15 златни, 10 сребрени и 11 бронзени медали.
Одлична серија на успеси на нашиот карате клуб.
Честитки за тренерот Ивана Аврамова, и се разбира за вредните и упорни каратисти.
Пишува: Марјан Димитров
0 comments:
Post a Comment