Wednesday, November 25, 2015

ПОЕТСКИОТ КАРАВАН ПРЕСТОЈУВАШЕ ВО КАВАДАРЦИ


Денеска во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“-Кавадарци, престојуваше поетскиот караван на Друштвото на писатели на Македонија, на кој учествуваа познати поети од Македонија. 


Тие во Кавадрци се претставија со дел од нивното најново поетско творештво. На средбата која е во рамките на „Кавадаречката културна есен-2015“ присуствуваа ученици, љубители на литературата, културни работници, јавни личности политичари, како и градоначалникот Александар Панов.


Поети од различлни генерации етаблирани во македонската литература и членови на "Друштвото на писатели на Македонија", пред публиката се преставија со дел од нивното творештво овој па секој од нив поврзувајќи се себеси или творбата со Кавадарци, што остави впечаток на поврзаност со ова поднебје. Тоа пак измами грст аплаузи и задоволство кај помладата и постара публика.
Пријатно беше денеска да се биде со големите писателски имиња на Македонија, да се слушне убав литературен македонски збор и да се почувствувате исполнето, богато во душатаi исполнето.
Поетскиот караван патува низ Македонија и има убава мисија, да се биде со своите сограѓани, да се шири македонскиот литартурен збор и мисла,затоа што ние имаме со што да се гордееме, и да се етаблираме во светот на лиутературата.

Пишува: Марјан Димитров

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП