Friday, November 27, 2015

РЕГИСТРИРАНИ ПОВЕЌЕ КРАЖБИ НА ОРЕВИ ВО КАВАДАРЦИ


Три случаи на кражба на ореви се регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци во текот на октомври и ноември 2015 година, информираше денеска портпаролот на СВР Велес Анита Стојкоска.

- Во првиот случај сторителот од подрум од куќа во Кавадарци одзел три вреќи во кои имало околу 30 килограми ореви, додека во вториот и третиот случај сторителот од тераси од куќи во Кавадарци одзел вкупно околу 75 килограми ореви, појасни Стојковска.

На 17. ноември, подвлече таа, помала количина од одземените ореви била пронајдена и вратена на оштетеното лице.

- Се превземаат мерки за расветлување на кражбите, вели Стојковска.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП