Вчера, Полициска станица Кавадарци реализира уште една средба со граѓани пред комплекс на згради на ул.Цветан Димов во Кавадарци.
Оваа средба со граѓани и превентивните активности беа под мотото ,,Заштити го својот дом,, со акцент на превенција од тешки кражби во станови.
Оваа средба со граѓани и превентивните активности беа под мотото ,,Заштити го својот дом,, со акцент на превенција од тешки кражби во станови.
Ваквата непосредна средба наиде на одобрување и поздравување од страна на граѓаните кои покрај тоа што добија препораки и насоки како да го заштитат својот дом, можеа да дадат и свои сугестии и предлози кои се однесуваат на општата безбедност во тој дел на стамбени згради.
Трибините на отворено ќе продолжат и во иднина, се со цел да се едуцираат граѓаните и да им се застане на патот на крадците. Воедно сакаме да ги поттикнеме и добрите меѓусоседски односи затоа што сметаме дека соседството е тоа кое води кон намалување на ваквите појави, нагласи Димитар Каракулев, инспектор за превенција.
0 comments:
Post a Comment