Tuesday, November 17, 2015

ПРЕДАНИЈА ОД ТИКВЕШИЈАТА: МАРКОВАТА КУЛА ВО КАВАДАРЦИ


Единствен сочуван споменик на културата од средновековниот период во општина Кавадарци, лоциран во централното градско подрачје е Марковата кула.



Градена е од камен и малтер, чии sидови достигнуваат дебелина од 1м. По својата форма е четвртаста и достигнува височина од околу 20-тина метри. Таа е на пет ката. Првиот и вториот се без прозорци, а на четвртиот и петиот кат постојат и тоа со железни решетки. На јужниот sид од четвртиот кат поставен е отвор за одбрана, а на петиот, отвор за одвод на нечиста вода. Единствен пристап т.е. врата е на вториот кат, направен со камени скали.
Внатречната дрвена граѓа денес е во руина, а оштетен е и покривот на истата.

Кулата имала одбранбена функција како и останатите кули што се градени во тој период.

Точното потекло на кулата не се знае. Според преданието меѓу народот владеело уверување дека е од постаро турско време. Има и претпоставки дека потекнува и од времето пред доаѓањето на Турците во овие краеви. Познато е дека првите преселници од Дукена се вселиле во Кулата и со тоа почнува основањето на новата населба Велахан, што подоцна го добила името Кавадарци.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП