- Во овие две општини според планот, оваа есен ќе се посадат околу 200 илјади садници. Три хектари ќе бидат посадени во месноста „Калница" над игралиштето во селото Ваташа, 15 во „Тисовец" кај Возарци, 1 хектар на потегот меѓу мини централата кај манастирот во Моклиште и моклишката брана, како и 30 хектари во месноста „Велова чешма" меѓу селата Сирково и Мрзен Ораовец. На еден хектар ќе бидат посадени по околу 4 илјади садници, информираше Ристовски.
Како што објасни, садниците се веќе обезбедени од расадникот на „Бор" во селото Марена. Се работи за дрвца јавор, јасен, багрем, чемпрес. Површините на кои ќе се сади се припремени, обработени, па се чека само да се утврди точниот датум кога, како што нагласува, населението повторно ќе ја засади својата иднина.
0 comments:
Post a Comment