Friday, November 27, 2015

ФАТЕНИ ПЕТ ДРВОКРАДЦИ НА ДЕЛО СИТЕ ОД КАВАДАРЦИ



Велешкта полиција поднесе кривична пријава против А.М.(31), А.Т.(20), З.П.(27), Р.В.(20), Ј.Т. (22), сите од Кавадарци и Б.П.(18) од село Раец, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела кражба, пустошење шуми и тешка кражба.

На 11 сепември во атар на село Бунарче кај месноста „Бунарски Дол“ по претходно спроведена акција од страна на полициски службеници и Шумска полиција биле фатени пријавените како вршат бесправна сеча на огревно дрво, а биле пронајдени три патнички возила, кои пријавените ги користеле за транспорт на огревни дрва. На место биле пронајдени три моторни пили и 21,63 кубни метри огревно дрво.

Извор: MKD.mk

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП