Фолк-пејачот Блаже Богев ќе ја освојува српската естрада. Тој неодамна се врати од Белград каде што снимил четири песни, учествувал во неколку фолк емисии, а договорил и настапи во тамошните локали. Вели дека никогаш не е доцна да се успее, ако нешто навистина се сака.
Блаже Богев е пејач, кој долги години е присутен на македонската естрада. Тој за себе вели дека ја имал таа привилегија да влезе во музиката во времето кога се знаеше кој пее и кој свири, во времето кога имаше критериуми во тогашната музичка продукција на Р.Т.Скопје, во времето кога на сцена остануваш и си третиран како пејач само ако имаш квалитет.
"Триесет години сум на естрадата и сум голем боем, но и патриот во душа. Денес поинаку гледам на сè. Кога можат младите интелектуалци и научници да се отселат од земјава и да работат во странство, каде што се цени нивниот труд, не гледам зошто и ние пејачите да не пееме таму, каде што ќе ги береме плодовите од нашиот успех. Кога се работи за преселба, не планирам да го напуштам моето Кавадарци, но ќе снимам и настапувам во Србија, што значи ќе живеам на релација Белград - Кавадарци", изјави пејачот којшто има снимено шест албуми со македонска фолк музика.
Ова уште еднаш докажува дека Македонија има пејачи кои вредат, пејачи кои своте успеси ги покажуваат и се ценети надвор од границите на земјава, додека истите кај нас не се третирани онака како што заслужуваат.
0 comments:
Post a Comment