Wednesday, November 25, 2015

СПОРТ: ФЕНИ ИНДУСТРИ СО ИМПРЕСИВНА ИГРА ЈА ОСВОИ СТРУМИЦА


Предводени од расположениот Кирил Николовски, кошаркарите на Фени индустри на импозантно лесен начин дојдоа до триумф на гостувањето против Струмица (85-53), во претпоследниот меч од 7. коло од Првата лига.



Покрај Николовски, одлична партија кај гостинскиот тим прикажа и Миладин Пековиќ, кој средбата ја заврши со 14 поени и 12 скока додека расположен за надигрување беше и Карло Враговиќ со 19 поени. Андрејевиќ со 16 поени и Богоев со 10 беа најпрецизни кај Струмица.

Фени индустри со овој триумф се изедначи со Кожув на делба на третата позиција на табелата со скор 4-3, додека Струмица остана претпоследна со учинок 2-5. Последниот меч од 7. коло се игра денес, кога шампионот МЗТ Скопје ќе има полесен тренинг на гостувањето против дебитантот и единствениот досега без триумф, гевгелиски Бест.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП