Ова работа беше предвидена уште минатата година. Планирано е во наредните две години сите институции во Општината да им бидат достапни на лицата со посебни потреби.
-Започнуваме со локалната смоуправа, најмногу благодарение на Вардарскиот плански регион каде заеднички аплициравме со Велешка Општина. Во Велес веке е изграден ваков лифт, а сега, по завршувањето на тендерската постапка се имплементира и во Кавадарци. Составен дел на овој проект е изградба на пристапни рампи во ООУ„Гоце Делчев“, но ние од Оператиовниот буџет работиме на тоа комплетно да го заокружиме овој процес, и сигурен сум дека наредната година сите училишта и јавни институции ке бидат достапни и до инвалидизираните лица, вели Александар Панов градоначалник на Кавадарци.
Проектот за изградбата на лифт за инвалидизираните лица чини 1 милион и 100 илјади денари.
Пишува: Марјан Димитров
0 comments:
Post a Comment