Tuesday, November 24, 2015

ПРОДОЛЖУВА ИЗГРАДБАТА НА КОРИТОТО НА РЕКАТА „ЛУДА МАРА“ КОН БРУШАНСКИ МОСТ

Денеска во Кавадарци стартува изградбата на нови 200 метри за урбанизирање на кејот на реката „Луда Мара“. Капитална инвестиција вредна над 9 милиони денари со што им се излегува во пресрет на граѓаните, особено на оние кои живеат во непосредна близина на реката за продолжување на доградбата на овој дел на градот. Работите ги изведува градежната оператива на „ Градба Промет“ - Кавадарци, а ке се урбанизира просторот кон Брушански мост.


Временските услови дозволуваат до Нова година да се завршат подготвителните груби работи на коритото а напролет да се заврши комплетно.
 
- Кејот на реката „Луда Мара“ беше проект, ако се секавате, одобрен од ЕУ, имаше многу проблеми, но благодарение на тогашниот амбасадор успеавме да го завршиме. Ова беше еден од најекспонираните проекти во Општина Кавадарци. И токму заради тоа и многуте сугестии од граѓаните, се одлучивме овој проект да го продолжиме кон селото Ваташа, кон Брушанскиот мост, во должина од над 200 метри. До мостот ќе ни останат околу 300 метри кои ни се во план надредните две години, вели градоначалникот Александар Панов.

Идејата беше да им удоволиме на барањата на граѓаните и тие одлучија да се реализира овој проект. Наше е што го продоложивме пероктот, и ќе обезбедиме над 400 метри пешачка патека од двете страни на реката и ке обезбедиме уште едно катче за одмор и рекреација на околните жители, а ќе се направи амбиент кој ке биде убав за сите. Овој пат инвеститорот водеше сметка да се предвиди да се изгради и таложник каде ке се собираат сите материјали кои ги носи реката со себе особено при поголем доток, кој потоа тековно би се чистел, нагласува кавадаречкиот градоначалник.

Инаку со урабнизацијата и на овој дел на реката придобивка е сведувањето на минимум од поплави на овој дел на градот. Последните неколку години тоа го потврдија.Затоа и тенденција е да се урбанирира коритото, со што целосно ќе се елиминира поплавувањето на околината на реката од поголеми дотоци на вода. 
За да се продолжи проектот кон Ваташа треба да се реши прашањето со ромската населба, која се наоѓа непосредно до реката „Луда Мара“.
Со тоа би добиле целосно нова и безбедна, пешачка но и велосипедска патека.

Пишува: Марјан Димитров

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП