Friday, November 27, 2015

ПРИЛЕПЧАНКА ОГРАБИЛА ВРАБОТЕНИ ВО ДРЕКСЕЛМАЕР


НК за КР Кавадарци поднесе кривична пријава против В.А.(46) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела тешка кражба и оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.




Пријавената, на 13 јуни годинава, во времето од 14.00 до 22.00 часот, со употреба на метален предмет извршила тешка кражба во шкаф од соблекувална во фабриката „Дрекселмаер“-Кавадарци кој го користеле две вработени, при што одзела ташни во кои имало 1.600 денари, кредитни картички заедно со пиновите и мобилен телефон.

Ден подоцна, В.А. со кредитните картички од банкомати на „Тутунска Банка“ и „Комерцијална Банка“ извадила вкупно 103.000 денари.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП