Saturday, November 28, 2015

ТЕРИТОРИЈАЛНАТА ПРОТИВПОЖАРНА ЕДНИЦА ПРЕПОРАЧУВА ДА СЕ ПРЕВЕНИРААТ ПОЖАРИТЕ ПО ДОМОВИТЕ


Територијалната противпожарна единица од Кавадарци излезе со флаери во кои дава препораки за граѓаните како да се заштитат од пожари во овој период од годината и тоа ако греењето е на дрва, јаглен, брикети, електрична енергија, гас или течни горива. 


Убава можност граѓаните да се потсетат на што се треба да се внимава за да не се предизвикуваат пожари. 

Така на пример доколку греењето е на дрва, јаглен, брикети и слично, а најчесто е така, треба да се обрне внимание на безбедното складирање на чување на огревниот материјал, редовно чистење на оџаците и тоа најмалку два пати во сезоната и еднаш вон сезоната за греење. 
Треба да се постави заштита од негорлив материјал пред лежиштето на огнот, заради прифаќање на жар и пепел. 

За потпалување или разгорување на огнот, нагласува командирот на единицата Илчо Богевски, да не се користи запалива течност. Потребни се постојан надзор и контрола над ложиштето. 

Запаливите предмети да бидат подалеку од изворот на топлина. Запалениот оџак не смее да се гасне со вода. На децата да им се предочи опасноста од игра со запалка, жар и оган. Пепелта и другите остатоци од огнот да се исфрлат на безбедно место. 

Во случај на потреба, да се побара совет или помош од противпожарната служба.

Пишува: Марјан Димитров

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП