До средината на декември, кога свечено ќе биде затворена манифестацијата, кавадаречката публика ја очекуваат уште десетина настани.
Веќе во вторник, на 1 декември 2015, со почеток од 19 часот, во Галеријата при Домот на културата "Иван Мазов – Климе" Кавадарци ќе биде отворена изложба на познатиот автриски ликовен уметник Бернхард Холеман со наслов "Македонски вински пејсажи".
Во четврток пак, на 3 декември 2015, со почеток од 19 часот, исто во Галеријата при кавадаречкиот Дом на култура ќе се одржи целовечерен концерт на познатата македонска пијанистка Ана Гацева.
Во меѓувреме, Театарот при Домот на културата "Иван Мазов – Климе" продолжува успешно да ја игра претставата "Женидба" по текст на Н.В.Гогољ и во режија на Драган Велјановски, чија премиера беше токму на "Кавадаречка културна есен 2015" и досега има десетина репризи.
Кавадаречките актери со "Женидба" по успешното гостување во Демир Капија, во понеделник на 30 ноември гостуваат во Гостивар, на сцената на Центарот за култура "АСНОМ", наредниот понеделник, на 7 декември се во Куманово, на 16 декември во Делчево, а веќе се закажани и гостувањата во Скопје, Неготино и др.
0 comments:
Post a Comment