Трибината се одржа пред комплексот згради помеѓу улиците „Цветан Димов“ и булевар „Македонија“, пред жителите од новиот центар на градот, каде во изминатиот период се регистрирани повеќе провални кражби.
- Поучени од досегашнита пракса ги спроведуваме овие превентивни и едукативни трибини на кои на граѓаните им ги посочуваме можните последици, доколку не ги преземат неопходните мерки за заштита на нивните имоти и материјални блага во случај на заминување на одмор и подолг престој надвор од домот. Практиката покажува дека има подобрување во делот на самозаштитата и безбедноста на имотот, истакна Димитар Каракулев, инспектор за превенција во кавадаречката полиција.
На средбата со граѓаните се делеа флаери, се со цел запознавање и совети како да постапат при провални кражби. Ваквата кампања е за подигање на свеста на граѓаните во делот на нивната безбедност, безбедност на нивните предмети и безбедност на домот, како да се заштитат доколку бидат мета на кражба.

- Сакаме воедно и да ги поттикнеме добрите меѓусоседски односи, бидејќи соседството е тоа што придонесува до намалување на ваквите појави или како што велат постарите, соседот е најдобар чувар на твојот дом. Како полициска станица ќе продолжиме со вакви трибини и на други места каде што има станбени згради“, додаде Каракулев.
Инаку на Советодавната група учествуваа повеке граѓани кои со свои мислења и сугестии дадоа придонес кон поголемо едуцирање.
Во Кавадарци од почетокот на годината досега, се регистрирани десетина провални кражби. Најголем број од уапсените криминалци биле од други градови.
Инаку на Советодавната група учествуваа повеке граѓани кои со свои мислења и сугестии дадоа придонес кон поголемо едуцирање.
ПС од ОН Кавадарци - Отсек за превенција им благодари на Компанииите „Минекс-маркети“ и "Кожувчанка", кои ја подржаа ова кампања за превенција од тешки кражби во станови.
0 comments:
Post a Comment