Пред една година Тони Станоев со огнено оружје ги уби родителите и сестрата на неговата сопруга во семејната куќа. Велешкото обвинителство не памети кога подигнало обвинение за вакво кривично дело. Ова меѓу другото го наведе во завршните зборови јавниот обвинител на денешната јавна расправа за случајот со трикратното убиство во Кавадарци.
Јавниот обвинител побара обвинетиот да биде прогласен за виновен и соодветна висина на казната за вакво дело, а зборовите во целост ги поддржа и адвокатот на оштетените.
На денешната расправа вештото лице од Клиниката за психијатрија, рече дека обвинетиот не боледува од моментална и трајна душевна болест.
Кога го сторил кривичното дело, Станоев според судско психијатриската експертиза, бил во пресметлива состојба.
Адвокатот на обвинетиот пак и во завршните зборови со став, дека Станоев не е психички стабилен.
Ова и целосното признание на делото од страна на Станоев , побара судот да ги земе во предвид при донесувањето на пресудата.
Во среда судскиот совет ќе ја изрече пресудата за трикратното убиство, кое во ноември минатата година се случи во Кавадарци.
Извор: КАНАЛ5
0 comments:
Post a Comment