Saturday, November 21, 2015

ИЗЛОЖБА ВО МУЗЕЈ ГАЛЕРИЈАТА НА ,,КАРИКАТУРИ НА МАКЕДОНСКИ РЕВОЛУЦИОНЕРИ И ВОЈВОДИ“



Во организација на Музеј галеријата на Кавадарци, а со поддршка од Градоначалникот и Советот на општина Кавадарци, вчера беше отворена изложбата „Карикатури на македонски револуционери и војводи“ на современиот македонски карикатурист Никола Анѓелкоски од Скопје.

На изложбата се изложени 30 карикатури. 

- Предизвик беше да се зафатам со оваа идеја далечната 1990 година кога за прв пат го нацртав портретот на Гоце Делчев по задача на редакцијата Остен. Долго време ја разработував оваа идеја. Во мене тлееше дилемата дали да се нурнам малку во историјата на нашите револуционери и преродбеници кои се заслужни за она што го живееме денес. Народот вели дека секое спомнување на оние кои не се повеќе меѓу нас, значи дека тие се сепак тука, рече Анѓелкоски. 

Директорот на музејот Петре Камчевски нагласи дека Кавадарци има долга традиција на организирање на изложби на карикатури. 

- Скоро 20 години ја организиравме изложбата на светската галерија на карикатури. Имаме организирано и индивидуални изложби, вели Камчев.

Пишува: Марјан Димитров

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП