Saturday, November 28, 2015

ПРЕДАНИЈА ОД ТИКВЕШИЈАТА: Момина карпа (девојките од с.Галиште)


Легендата се однесува на еден херојски чин на девојките од с. Галиште, Тиквешко.


Јужно од с. Шешково и источно од с. Галиште се издига врвот Галичин. Горе на врвот е рамно, а источно од него, наеднаш како со нош исечена, се спушта надолу една вертилкална карпа. Карпата е висока околу 80 или 100 метри. Тука, од таа карпа, подгонети од Турците, се фрлиле девојките од с. Галиште. Пред да го направат тоа, за некоја од нив да не се премисли, тие си ги врзале плетенките една за друга и заедно летнале во бездната.

Требало да ја спасат својата моминска чест и да дадат пример на едно возвишено херојство. Долу, под карпите, овчарите сеуште наоѓаат остатоци од ѓердани, обетки и прстени на храбрите девојки. Карпата од која што се фрлиле девојките и денес се нарекува Моминска карпа.

И овде преданието не кажува точно кога се случило тоа. Можеби се однесува на времето кога тиквешаните биле приморувани да го примат мухамеданството?!?

Од книгата „Вистински приказни за вечни сеќавања, Кавадарци 1900-1945“, од Зорка Тодорова Младеновиќ, Кавадарци 2010 г.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП