Saturday, November 14, 2015

ВО КАВАДАРЦИ СЕ ОДРЖА 6-ТИОТ ФЕСТИВАЛ НА МЛАДО ВИНО НА ВВ„ТИКВЕШ“

Третиот викенд во ноември во Кавадарци се одржува Фестивалот на младо вино. Годинава на ред е 6-тиот.

Ова година Винарската визба „Тиквеш“прославува 130 години традиција на производство на автентични македонски вина,кои треба да се презентираат во светот.


- Она што што успеавме да го добиеме во ова берба, е квалитетно вино, и да продолжиме во континуитет за правење на врвни вина. Тоа ни дава императив нареданта година да продолжиме со агресивна промоција на македонски вина. Во неколку европски земји сме добро презентирани. Можеме да продолжиме со успешно претставување на македонките вина во светот, вели генералниот директор на ВВ„тиквеш“- Игор Илиевски.

На новинарско прашање тој објасни дека годинава беа обезбедени над 25 илјади тони грозје.


-Посебно сме горди што во оној микро дел каде што грозјето се бере во мали гајби и се преработува зрно по зрно, успеавме да преработиме дури 4 илјади килограми, што е одлична можност за производство на врвни вина. Иновациите се исто така дел од нашата деловна стратегија, рече директорот.

Илиевски вели дека извозот е императив на винарницата и дека од година во година се зголемува бројот на земји во кои извезуваат вино, а “Тиквеш” “е еден од моторите на развојот на винарството во регионот”, а тука е и пошироката презентација на винаријата на пошироката светска сцена.

- Оној висок квалитет што го негуваме со години го обезбедивме и годинава. Тој ни е основа за прилично амбициозни планови за ширење на нашето присуство во различни земји. Прво се настапува со врвните вина, а потоа како се шири понудата, се шири и на другите слоеви на пазарот, додаде Илиевски.

Тој нагласи дека просечната цена на откуп на грозје која се постигнува при откупот овде, секогаш е нешто повисока од договорената помеѓу лозарите и винарите. Со кооперантите, рече, имаат долгорочни односи и квалитетот секогаш го наградуваат. Откри дека посебни бонуси добиваат кооперантите кои го организираат производството на грозје согласно на препораките од винаријата. Така за одредени сорти на грозје и одредени количини се добиваат и до 50 проценти повисоки цени од договорените.

Пишува: Марјан Димитров

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП