Saturday, November 14, 2015

СПОРТ: ФЕНИ ИНДУСТРИ ДОМАЌИН НА БЕСТ


Денеска се игра еден натпревар од шестото коло во кошаркарската Прва лига.


Фени Индустри го пречекува Бест во меч со кој се отвора шестата рунда во кошаркарскиот шампионат. Средбата се игра во салата Јасмин во Кавадарци, а почетокот е закажан за 18 часот.

Утре на програмата се два дуели, а најголем интерес предизвикува мечот во салата во Градскиот парк во кој Работнички е домаќин на Куманово. Дербито на шестото коло се игра од 17 часот.

Во вториот натпревар Кожув се соочува со Струмица, а средбата во Гевгелија почнува во 18 часот.

Шестото коло се заокружува на 18 овој месец, а МЗТ Скопје во салата на СЦ Јане Сандански игра против лидерот на табелата Карпош Соколи.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП