Сето тоа се одвива во рамките на манифестацијата “Кавадаречка културна есен 2015“ која влегува во финалето од своето одржувањето.
Вечерва во 19.30 часот во Галеријата при Домот на културата беше отворена ликовна изложба на Роска Трајкова.
Денес-сабота, на 21 ноември од 18 часот, исто во Галеријата при Домот на културата ќе се одржи концерт на познатиот виолинист Момчило Куфојанакис во придружба на пијанистката Весна Ангелова.
Во понеделник пак, на 23 ноември во 19 часот, Галеријата на кавадаречкиот Дом на култура ќе биде домаќин на проектот “111 години - ЏЕЗ“ на кој предавач ќе биде професорот Кирил Темков, музичка придружба ќе биде “Модерн џез квартет К.“, а со џем сејшн свирка ќе настапат кавадаречки академски музичари.
Од Домот на културата ве покануваат за миг да бидете дел од актуелното културно миље на градот и државата.
Пишува: Марјан Димитров
0 comments:
Post a Comment