Според дневниот ред, советниците ќе расправаат за Предлог одлуката за изменување и дополнување на Буџетот на Општина Кавадарци, кварталниот извештај за извршување на општинскиот буџет, предлог планот на програми и развој, предлогот програмата за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на просторот на Општина Кавадарци.
Посебно внимание се очекува да предизвика петтата точка која се однесува на поништување на постапката за доделување на Договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за давање на услуги на паркирање и оддржување на јавниот паркинг простор во Општина Кавадарци кое се остварува како концесија за јавна услуга.
Во продолжение, пред советниците ќе биде даден извештај за редовното работење на ЈП „Јасмин“, предлог решение за формирање на Комисија за проценка на штета настаната од природни непогоди и несреќи, одлука за еднократен отпис на долгот по основ на комунална такса за користење и оддржување на јавно осветлување, предлог стратегиите за локален економски развој и управување со ризици.
Пишува: Марјан Димитров
0 comments:
Post a Comment