Monday, November 30, 2015

СЕРТИФИКАТИ ЗА ХУМАНОСТ ЗА ШЕСТ КАВАДАРЧАНИ СО ГОЛЕМИ СРЦА

Шестмина кавадарчани денеска добија Сертификати за одлично завршена oпштокорисна работа.


Нивната хумана мисија траеше шест месеци, а се состоеше во вклучување во програмата за невработени лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот. Конкретно нивниот ангажман траеше во скратено работно време по 20 часа неделно со надиоместок од 6.200 денари со персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа, како негователи (помошник за давање на услуги во домашни услови). Исто така ангажманот се состоеше во пружање на елементарна помош и грижа за стари, изнемоштени и инвалидизирани лица кои се сами, немаат никој покрај себе и неопходна им е подршка и помош.


Опфатени се 24 крајни корисници, односно едно лице беше задолжерно да опслужува 4 корисника.

Денеска, на пригодна свеченост, градоначалникот Александар Панов, им ги врачи сертификатите на хуманите сограѓани, притоа изразувајќи го задоволството од успешноста на нивната мисија. Притоа тој порача дека ке се заложи преку соодветните форми на дејствување на Општината во иднина да биде вградена ставка во буџетот за финасирање и подршка на вакви проекти и во наредниот период, со оглед на големото позитивно значење за самата заедница а најмногу за нашите сограѓани на кои ким е потребна ваква помош. Желбата е ова активност да продолжи за подолго време.
Конкретно резултатите од активноста во Кавадарци е позитивна и на големо задоволство остварена е основната функција на проектот. Болните, немоќните и инвалидните лица, со насмевка, со солзи во очите ја изразија благодарноста што некој се сетил на нив и со грижа и внимание ја споделија нивната потреба од разговор, добар збор, и завршени основни работи во нивниот дом, кои тие за жал не можат во нормални услови да ги работат.

Треба да напоменеме дека оваа активност е финасирана од УНДП, а во соработка со АВРМ, и Центарот за социјални работи и преставува само надополнување на постојните со воведување на нови услуги.За неа ангажираните лица од Кавадарци, кои денска добија сертификати посетуваат обука во организација на УНДП за негуватели од соодветни акредитирани институции од каде и добиваат меѓународно признат сертификат.
Пишува: Марјан Димитров

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП