Јовица има тешка повреда на рбетниот столб и за негово успешно лекување потребен е тринеделен третман (лабораториски тестови, медицинска нега, дневна обука за рехабилитација и др.) во Beijing Shizhentang Hospital во Пекинг, Кина.
За успешно лекување потребни се 26.000 долари и можна потреба од користење лекарства за време на третманот во висина од 1000 до 2000 долари. За да Јовица го започне третманот потребно е пред тоа да се уплатат потребните средства.
Со оглед на тоа што неговото семејство ги нема потребните средства упатува апел за помош до сите добронамерни луѓе кои се во можност да донираат скромни средства како Јовица би продолжил со нормален живот. Неговото семејство ги има сите потребни медицински документи од релевантни институции и веднаш по собирањето на потребните средства е подготвено Јовица да патува на потребното лекување.
За дополнителен контакт и информации на располагање стои неговата мајка Васка Крстевска (070/695 251).
Средства можат да се уплатат на жиро сметка:
200002510076558 – Стопанска банка Скопје
Телефони за донација од 100 денари: 077/143 600
075/143 103
070/143 131
075/143 103
070/143 131
0 comments:
Post a Comment