Во релативно мирното трето коло од кошаркарскиот шампионат најлошо мина Фени индустри. Кавадарчани загубија добиен меч против Работнички, а згора на тоа ќе треба да платат и 14.000 денари како казна за однесувањето на своите навивачи во пресметката со скопскиот клуб.
Saturday, October 31, 2015
СПОРТ: Фени индустри казнет со 14.000 денари
Во релативно мирното трето коло од кошаркарскиот шампионат најлошо мина Фени индустри. Кавадарчани загубија добиен меч против Работнички, а згора на тоа ќе треба да платат и 14.000 денари како казна за однесувањето на своите навивачи во пресметката со скопскиот клуб.
АНКЕТА: РЕЧИСИ 100 ПРОЦЕНТИ ОД АНКЕТИРАНИТЕ ПАЦИЕНТИ СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД РАБОТАТА НА ОПШТАТА БОЛНИЦА ВО КАВАДАРЦИ
By Unknown at 2:21:00 PM
No comments
„ Изминатиот период во болницата се инвестирани над 42 милиони денари за нова современа медицинска опрема, од кои најголем дел се набавени од Министерството за здравство , нов рентген апарат, хируршки стол со опрема, апарат за анестезија, биохемиски анализатори. Го изолираме просторот на рентген одделот за нов мамограф, а во најава се и апарати за неврологија нов ЕЕГ и ЕМГ “ - изјави Орце Ангеловски – Директор на болницата во Кавадарци.
СПОРТСКИ ВИКЕНД ВО КАВАДАРЦИ
Спортската сала „Јасмин“ и овој викенд е во центарот на вниманието на сите оние кои сакаат да ги бодрат кавадаречките спортски колективи.
Спортската програма ќе започне во сабота во 11 часот и 30 минути, за кога е и закажан стартот на натпреварот од М-16 машката кошаркарска лига помеѓу Фени Индустри и Јуниор.
ЦРН МРШОЈАДЕЦ НАД КАВАДАРЕЧКОТО НЕБО
Thursday, October 29, 2015
ПУШТЕНИ ВО РАБОТА 5-те МАЛИ ХОДРОЦЕНТРАЛИ НА ХМС „БОШАВА“
На пригодна свеченост која денеска се одржа во село Ваташа, каде е сместена петтата хидоцентрала на реконструираниот водоснабдителен систем ХМС "Бошава", беше означен стартот за редовно работење на овој капитален објект вреден 20 милиони евра.
КАВАДАРЧАНЕЦ ДОБИ НА ЛОТО: СО 60 ДЕНАРИ ДО 4.000 ЕВРА
СЕ МЕНУВА НАЧИНОТ НА ПОЛАГАЊЕ ЗА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА ВО МАКЕДОНИЈА
ГОЛЕМ ИНТЕРЕС НА РОДИТЕЛИТЕ ЗА ЗГРИЖУВАЊЕ ДЕЦА ВО ДЕТСКАТА ГРАДИНА ВО КАВАДАРЦИ
- Бројката на дечиња кои чекаат прием во градинка се намали за 40 откако од први септември започна со работа објектот во селото Ваташа, рече Ганчева.
Wednesday, October 28, 2015
ГУМЕНИТЕ ЛАСТИЧИЊА СЕ КАНЦЕРОГЕНИ!?
Британија ги повлече од продажба ластичињата за правење на популарните алки поради канцерогени хемикалии.
Британската фирма “Ентертејнер“, најголемиот ланец продавници за играчки во Велика Британија, ги повлече од продажба ластичињата за правење на популарните алки и ситни играчки откао е откриено дека содржат канцерогени хемикалии.
ПРИЈАТЕЛИТЕ ГИ ИЗБИРАМЕ СПОРЕД НИВНИТЕ ГЕНИ
„Изненадува фактот дека пријателите генетски се послични едни со други отколку што сме очекувале и оти по генетските фактори сме како роднини во четврто колено, објасни генетичарот, Џејмс Фоулер од Универзитетот во Калифорнија.
ЗОРАН БАЊАНСКИ: ДРЖАВАТА ИМА ОБВРСКА ДА ДАДЕ ОДГОВОР ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО ВО КАВАДАРЦИ
Зоран Бањански, советник во Совет на Општина Кавадарци од СДСМ, на својот фејсбук профил реагираше за алармантната состојба со загадувањето во Кавадарци.
Едно можам со сигурност да тврдам, а тоа е дека државата е една и единствена која има обврска да даде одговор на прашањата околу загадувањето. Ако државата неможе да дефинира кој е "трујачот" и неможе да го отстрани, тогаш "трујачот" е посилен од државата, потенцираше Бањански.
Zosto ne se tretira prasanjeto za zagaduvanjeto vo Kavadarci.Prvo: Koj zagaduva?Vtoro:Koj treba da odgovori na...
Posted by Zoran Banjanski on среда, 28 октомври 2015
ЗАВРШИ ИЗГРАДБАТА НА ПЕТТЕ МАЛИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ НА СИСТЕМОТ „БОШАВА“
СТАРТУВА ФЕСТИВАЛОТ НА НОВИОТ ГЕРМАНСКИ ФИЛМ
Во Кавадарци со прикажувањето на филмот "Роден во болка", започна најновото 11-то издание на новиот германски филм, кој на кавадарчани ке им ја понуди најновата современа програма на седмата уметност која се произведува во СР Германија.
На отварањето во полната сала на Домот на културата првата филмска проекција беше проследена од ученици од Лозаро-Шумарското училиште „ЃорчеПетров“ и Гимназијата „Добри Даскалов„.
Tuesday, October 27, 2015
СО ДОНАЦИЈАТА НА РОТАРИ КЛУБОТ ПОДОБРЕНИ УСЛОВИТЕ ЗА РАБОТА НА НАРОДНА ТЕХНИКА ОД КАВАДАРЦИ
Во Народна техника од Кавадарци со средства кои ги обезбедија Ротари клубот од Кавадарци и нивните пријатели во висина од 700.000 денари се изврши промена на: прозорите со нова ПВЦ Столарија, сопромена на подовите, со заменета опремата, со промена на електричната инсталација со постравување на штедливи лед светилки, и извршено темелно молерисување.
Со тоа целосно е променет ликот и фукционалноста на овој простор.
СКОПЈЕ, ТЕТОВО И КАВАДАРЦИ ЕНОРМНО ЗАГАДЕНИ
Синоќа воздухот беше многу загаден во скопско Лисиче, Тетово и Кавадарци.
Тоа го покажаа мерните станици за квалитет на воздухот објавени на веб страната на министерството за животна средина. Штетните ПМ10 честички во овие општини беа неколку пати над дозволената граница, односно индексот на загадување беше многу висок. Малку помала концентрација но со голема загаденост се и Центар, Карпош, Гази Баба, Битола и Кичево.
Тоа го покажаа мерните станици за квалитет на воздухот објавени на веб страната на министерството за животна средина. Штетните ПМ10 честички во овие општини беа неколку пати над дозволената граница, односно индексот на загадување беше многу висок. Малку помала концентрација но со голема загаденост се и Центар, Карпош, Гази Баба, Битола и Кичево.
КАВАДАРЧАНИ НАЈУСПЕШНИ НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАЊЕ
Стрелачкиот клуб од Кавадарци беше најуспешен во екипен и поединечен пласман на Државното првенство во стрелање со војничка пушка 7,9 милиметри, кое викендов се одржа во Штип, информираше денеска Благој Пешиќ, тренерот и претседател на клубот „Кавадарци”.
САЕМ НА КНИГА ВО КАВАДАРЦИ
По повод месецот на книгата, вчеравечер, 26-ти октомври, во Кавадарци беше отворен осмиот Саем на книгата, кој традиционално го организира Градската библиотека „Феткин”...
Саемската манифестација ќе трае до сабота до кога ќе се претставуваат издавачките куќи „Култура“, „Три“, „Ѓурѓа“, „Матица македонска“ и „Просветно дело“. Книгите се нудат по саемски цени.
– Се работи за редовна програмска активност со која Библиотеката во Кавадарци ја остварува визијата и мисијата како културно-информативен центар во кој се добива првата информација, место каде се остваруваат културните потреби и желби на граѓаните, рече Трајанка Атанасова, директор на „Феткин”.
Thursday, October 22, 2015
СО ПРЕДОЛГОТО КОРИСТЕЊЕ МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН ДО ХОРМОНАЛНО НАРУШУВАЊЕ, МИГРЕНА И ДЕПРЕСИЈА
Според магазинот „Економист“, младите луѓе на возраст од 16 и 24 години поминуват околу четири часа дневно над телефонот, односно со главата навалена нанапред и со наведнати раменици.
Таа положба може да предизвика сериозно оштетување на ’рбетот и вратот, предупредува австралискиот киропрактичар, Џејмс Картер.
ОПШТИНА КАВАДАРЦИ: ЕФЕКТИ ОД ШТЕДЛИВОТО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ
Општина Кавадарци меѓу првите во Македонија го реализираше проектот за воведување нов систем во Јавното улично осветлување. Преку јавно приватно партнерство во изминатите три години беше извршена целосна замена на конвенционалните живини светилки со современи ЛЕД штедливи и еколошки светилки. Притоа во мрежата на претходното јавно осветлување каде имаше близу 2.200 улични свтилки, со системот на осовременување беа поставени нови дополнителни 550 сијалични места на кои исто така се вградиа ЛЕД светилки.
ТЕАТАР: ВЕЧЕР "ЖЕНИДБА" ПОВТОРНО ПРЕД КАВАДАРЧАНИ
ТИПОВИ ЛУЃЕ КОИ СЕ ОТРОВНИ ЗА ВАС
Секој познава барем две такви личности. Можеби живеете, работите или се дружите со нив. Токсичните луѓе ја црпат вашата енергија и си играат со вашето ментално здравје.
И токму како со кој било отров, така и контактот со овие луѓе би требало да биде сведен на минимум за да се заштитите.
КАВАДАРЕЧКИ БИСЕР: ВО ТРКА ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ГРОЗЈЕ (ФОТО)
Во трката да се прибере грозјето што е останато по лозињата пред така да испопаѓа на земјата и ли да се скапе, мора да се побрза небирајќи средства и начини. А и зошто пак да не се сваре уште 10 кила ракија.
Важно е дека кацига
имаме, во случај да не застане полиција.
„КОЖУВЧАНКА“ И „ЖИТО МАРКЕТИТЕ“ ДОНИРАА НОВИ АПАРАТИ НА КЛИНИКАТА ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА
„Нашата болница секогаш има потреба од нови апарати. Овој пат, апаратите за хигена што ни ги овозможија Жито Маркети и Кожувчанка, потпомогнати од граѓаните, ќе ни бидат од голема корист имајќи предвид дека во ваква установа како нашата, хигената секогаш треба да биде на високо ниво. Голема благодарност до двете компании кои несебично и безрезервно се ангажираа да се подобрат условите во нашата болница“, изјави Д-р Марија Хаџи Лега, директор од Клиниката за Гинекологија и Акушерство во Скопје.
ПРИЈАВА ЗА КАВАДАРЧАНЕЦ ЗА КРАЖБА НА ДРВА
На 3 октомври од страна на полициски службеници сопрен е камион цитроен што се движел кон Кавадарци, а од извршен преглед во камионот се пронајдени 1,54 кубни метри дрва бесправно исечени.
ЗАГРИЖУВАЧКА Е СОСТОЈБАТА КАЈ СЕЛСКИТЕ ВОДОВОДИ ВО КАВАДАРЕЧКО И РОСОМАНСКО
Според Ризов, кавадаречкиот Центар редовно ги следи квалитетот и микробиолошката исправност на водата за пиење во општина Кавадарци и Росоман како на градскиот водовод Лукар, така и на селските локални водоводи. Секој месец имаат одреден број мостри вода од градската мрежа по договор со ЈП „Комуналец“ и одреден број т.н теренски мостри од локалните селски водоводи, како од селата од Бошавијата, така и од селата во Црноречието кои се по Програма за превентивна здравствена заштита на населението од заразни болести.
ДАЛИ ТУШИРАЊЕТО СО ВРЕЛА ВОДА Е ЗДРАВО?
По напорниот и стресен ден на работа, ништо не може да ве опушти како туширањето со топла вода.
Многу луѓе сакаат да се тушираат со многу топла вода, особено кога надвор е ладно. Меѓутоа тоа може да и наштети на кожата.
„Топлата вода ја лишува кожата од природните масла што доведува до сува кожа, чешање и евентуално егзема“, изјави д-р. Шах, дерматолог од Њујорк и додаде дека жешката вода при туширање може дури да ја избледи и бојата на фарбаната коса.
КАВАДАРЕЧКИ ИЗУМ: МАГАРЕ СО КРИЛА ПРОИЗВЕДУВА СТРУЈА
Изумот е наречен Пегаз, именуван по крилестиот коњ од митологијата. Тој беше дизајниран од страна на уметникот Филимон, и дизајнерот Амауд Верли од Франција.
Магарето е позајмено од Анѓел од Ваташа, ентузијаст човек. Додека тој работи на неговите ниви по ридовите во Моклиште, магарето со „големи крила“, две соларни панели монтирани на неговата
седло, си пасе и произведува струја. Жителите се поканети да ги поврзат нивните електрични апарати на ова
дарежливо животно: мобилен телефон, батерија автомобил, радио, фен за коса.
Wednesday, October 21, 2015
ВЕЧЕРВА ГЛЕДАЈТЕ СПЕКТАКУЛАРЕН МЕТЕОРСКИ ДОЖД
На областите каде што има слабо осветлување, ноќеска и рано наутро ќе можете да гледате голем број на „ѕвезди кои паѓаат“ наречени Ориониди.
Дождот се состои од остатокот од Халиевата комета која последен пат орбитираше околу земјата во 1986-та година и нема да можеме да ја видиме до 2061-ва година.
Сепак, секоја година во втората половина од октомври месец Земјата минува низ остатоците од кометата, па небото ќе биде осветлено од вистински дожд на метеори. Оваа година се претпоставува дека околу 5-6 часот наутро по средноевропско време ќе летаат од 10 до 20 метеори на час.
ДЕНЕСКА ПОЧНЕТЕ СО НОВА РАБОТА, УТРЕ ДРУЖЕТЕ СЕ – КОЈ ДЕН ЗА ШТО Е?
Постои верување, дека планетите имаат влијание врз деновите во седмицата и секој ден е поволен за различни нешта.
НАСТАП НА АЛЕКСАНДРА МИХОВА ВО МУЗИЧКО РЕАЛНО ШОУ "НА ИСТА АДРЕСА"
Погледнете го насапот на Александра Михова по седумдневните подготовки во македонското музичко реално шоу "На Иста Адреса".
ФЕЈСБУК ОТСЕГА ЌЕ ВЕ ИЗВЕСТУВА АКО НЕКОЈ ВЕ ШПИОНИРА
Социјалната мрежа „Фејсбук” најави дека ќе ги известува корисниците кога ќе детектира дека шпионски агенции ги пробиваат нивните пораки.
Фејскбук ќе испраќа нотификации на корисниците на чии профили има сомнителни активности, дури и ако се работи за шпионажа од Власта на матичните држави.
СЕ МЕНУВА АСФАЛТОТ НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“
ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈОТ КАЈ ГРАДСКО
Поради снимање на францускиот филм “A Fond” денеска од 5 до 18 часот ќе биде затворен делот од автопатот од мотелот „Македонија“ до Градско, соопшти АМСМ.
Од „Мануфактура” продукција најавуваат дека во посочениот период сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат со соодветна сигнализација.
Извор: ДУМА.мк
ДАЛИ СЕДЕЊЕТО СО ПРЕКРСТЕНИ НОЗЕ Е ЛОШО ПО ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ?
Ако веќе и седите со прекрстени нозе, тогаш подобро е одвреме-навреме да ја промените нивната положба, онаа нога којашто била горе да ја ставите доле обратно, иако тоа некои и рефлексно го прават, објаснува германскиот ортопед Рејнхард Шнајдерхан, претседател на здружението кое го промовира здравјето на ‘рбетот во Минхен.
„Најважно е при седењето честата промена на положбата“, истакнува др Шнејдерхан.
Tuesday, October 20, 2015
„ГУГЛ“ ГИ ЗАМАТИ ФАШИСТИЧКИТЕ ЗНАМИЊА ВО БИТОЛА
Пред десеттина дена јавноста во Македонија, особено во Битола беше разбранувана, откако со опцијата „Гугл Стрит Вју“ виртуелно шетајќи низ Битола, во центарот на градот на улицата „Свети Кирил и Методиј“ можеа да се видат знамиња со кукаст крст.
Иако повеќето битолчани знаеја дека се работи за снимањето на филмот „Ослободувањето на Скопје“ на Раде Шербеџија, не беше сеедно што другите ќе помислат кога ќе ги видат фашистичките знамиња развеани низ улиците низ Битола во 21 век. Реагираа не само битолчани, туку и останатите граѓани на Македонија, но и странците.
СДСМ ВО КАВАДАРЦИ СО ПРЕДИЗБОРНИ ВЕТУВАЊА
Претставници на СДСМ вчера беа помеѓу граѓаните на Кавадарци.
Претседателот на комисијата за екологија на СДСМ, Пеце Мирчески, во разговор со кавадарчани изјави дека има решение и за загадувањето од Фени, само треба добра волја. Соодветна инвестиција во еколошки филтри по европски стандарди и проблемот ќе биде решен. Ние тоа ќе го направиме, додаде Мирчески.
- Тука сме да ги чуеме вашите проблеми, вашите маки и заедно да најдеме решенија, да си помогнеме. Визијата за подобра и поуспешна Република Македонија заедно ќе ја градиме и заедно ќе се избориме за подобар живот, рече Мирчески.
ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА-КАВАДАРЦИ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ГЛАДТА
ЈОГУРТОТ СОДРЖИ 4 ОПАСНИ СОСТОЈКИ КОИ ГИ НЕМА НА ДЕКЛАРАЦИЈАТА
Јогуртот е омилена ужина за милиони луѓе, освежителен е, полн со корисни бактерии и витамини, но сепак, дали навистина знаеме што се содржи тој?
Неодамна се појави нов извештај од Институтот Корнукопија кој ја критикува модерната прехрамбена индустрија. Тие тврдат дека лесно може да се случи да купите јогурт со преголема количина на неиспитани адитиви.
Шокантното откритие на Институтот Корнукопија го свртува вниманието на штетните состојки кои не се означени на амбалажите.
ИМАШЕ ПОЛОВИНА ТОН, А ПОТОА ОСЛАБЕ И ОБЛЕЧЕ БИКИНИ
Во најлошиот период од својот живот 38 годишната Катрина Раифорд со својте 453 килограми беше најдебелата жена во светот. Заради својата тежина беше приморана да лежи во кревет, а сега ја преполови својата тежина и ги купи првите бикини. Таа денес има нова цел да собере околу 10.000 долари за да може да направи липосукција.
ОПШТИНА КАВАДАРЦИ: ЈАВЕН ПОВИК
ЈАВЕН ПОВИК за прибирање на барања за користење на средствата од Буџетот на Општина Кавадарци за 2016 година, наменети за финансирање на проекти и програмски активности на здруженија и фондации.
Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Кавадарци за 2016 година наменети за финансирање на проекти и програмските активности на здруженија и фондации, ќе се врши согласно Кодексот на добри практики за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации (“Службен весник на РМ”, бр. 130/07).
Сите заинтересирани Здруженија и Фондации своите предлози треба да ги достават до Општина Кавадарци, Сектор за локален економски развој. Средствата се однесуваат за планирани активности и проекти за период до крајот на 2016 година. Средствата ќе се обезбедат од Буџетот на Општина Кавадарци за 2016.
Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Кавадарци за 2016 година наменети за финансирање на проекти и програмските активности на здруженија и фондации, ќе се врши согласно Кодексот на добри практики за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации (“Службен весник на РМ”, бр. 130/07).
Сите заинтересирани Здруженија и Фондации своите предлози треба да ги достават до Општина Кавадарци, Сектор за локален економски развој. Средствата се однесуваат за планирани активности и проекти за период до крајот на 2016 година. Средствата ќе се обезбедат од Буџетот на Општина Кавадарци за 2016.
130 ГОДИНИ ОД ПРВАТА ВИНАРСKА ВИЗБА ВО МАKЕДОНИЈА
Парите за откупеното грозјето веднаш по мерењето им се исплатувале на лозарите, покрај другото, и од суеверие дека виното може да скисне ако не е платено грозјето, раскажува директорот на кавадаречкиот музеј Петре Kамчевски, за винарската визба на семејството Велкови од Kавадарци. Таа е прва во Македонија, била формирана во 1885 година, а деновиве се навршија 130 години од нејзиното формирање во центарот на градот од страна на семејството на Александар Велков.
ПРОМОЦИЈА НА “АЛМАНАХ БР.4-2015“ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПИСАТЕЛИ “ТИКВЕШКИ ЦВЕТОВИ“
ВО ВАШИТЕ ЦРЕВА СЕ НАОЃААТ ДУРИ 15 КИЛОГРАМИ ОТРОВ – ЕВЕ КАКО ДА ГО ИСФРЛИТЕ
За лечење од многу болести доволно е да ги исчистите цревата од слузина, фекални наслаги и други паразити. За 70 години живот низ нашите црева минуваат околу 100 тони храна и 40.000 литри течности, што доведува до заклучок дека во стомакот се наталожуваат 15 килограми фекални наслаги токсичен отпад. Тие ја тураат нашата крв и нанесуваат на нашиот организам непоправлива штета.
КАКО ДА ГО ИЗЛАДИТЕ ВАШИОТ КОМЈУТЕР
Проблемите со греењето на вашиот комјутер може да се средат на многу едноставен начин.
Човекот што го направил овој хумористичен туторијал, очигледно има креативна фантазија.
Можеби и вие на овој начин ќе успеете да го изладите компјутерот, но не ви гарантираме дека после оваа постапка уредот ќе функционира беспрекорно.
Човекот што го направил овој хумористичен туторијал, очигледно има креативна фантазија.
Можеби и вие на овој начин ќе успеете да го изладите компјутерот, но не ви гарантираме дека после оваа постапка уредот ќе функционира беспрекорно.
УТРЕ БОЕВО ГАЃАЊЕ НА ВИТАЧЕВО
Се апелира до граѓаните во наведениот период и место да не се движат како не би дошло до несакани последици.
Извор: КТВ
Monday, October 19, 2015
ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО ЗА ТРОЈНОТО УБИСТВО ВО КАВАДАРЦИ
Процесот не се одржа бидејќи не дојде вештакот Антони Новотни, а новото рочиште е закажано на 9 ноември, на годишнината од настанот
Велес - Рочиштето од судскиот процес за тројното убиство во Кавадарци не се одржа. Во Основниот суд во Велес се чекаше доаѓањето на вештото лице д-р Антони Новотни, но, бидејќи тој не дојде судењето беше одложено. Ова е негово второ отсуство од процесот каде се бара да сведочи за психичката состојба во која бил обвинетиот Тони Станоев кога го сторил делото. Новиот термин за судењето е закажан за 9 ноември.
Одолговлекувањето на процесот ги разлути блиските на убиените кои велат дека секое рочиште и соочување со обвинетиот за нив е нова животна драма.
Одолговлекувањето на процесот ги разлути блиските на убиените кои велат дека секое рочиште и соочување со обвинетиот за нив е нова животна драма.
КК „УРБАН ИНВЕСТ“ НА „БЕЛГРАДСКИ ПОБЕДНИК“ СО ПОВЕЌЕ МЕДАЛИ
На 17 октомври 2015 година, во Белград, Србија се одржа Меѓународниот турнир „Белградски победник 2015".
На натпреварот учествуваа 1.250 натпреварувачи од 100 клубови и 9 држави.
Од КК „Урбан Инвест“ настапија: Владанка Аврамова, Моника Коцх, Лили Маневска, Петар Аврамов, Никита Николоски, Лазар Стоев, Александар Стојков, Данка Стојкова, Мелани Богева, Звонко Николоски, Филип Гурев, Благоја Трајков, Димитар Станоев, Стефанија Грозданова, Марија Трајкова и Анастазија Ристов.