Во Народна техника од Кавадарци со средства кои ги обезбедија Ротари клубот од Кавадарци и нивните пријатели во висина од 700.000 денари се изврши промена на: прозорите со нова ПВЦ Столарија, сопромена на подовите, со заменета опремата, со промена на електричната инсталација со постравување на штедливи лед светилки, и извршено темелно молерисување.
Со тоа целосно е променет ликот и фукционалноста на овој простор.
Вистинско задоволство е сега овде да се извршуваат активностите планирани со програмата за работа. Ова се работи за прв пат по изградбата на овој Дом низ кој продефилирале стотици ученици, некаде кон крајот на шеесетите и почетокот на седумдесетите години досега. Сето ова е по заслуга на активистите на Народна техника, претседателот Марјан Тодоров а пред се Ротари клубот од Кавадарци кој станува еден од главните двигатели на проекти од ваков тип, со кој се помага, се обновува, се настојува да се зачува она што е вредно вио општеството.
- Во ова прилика сакам да им се заблагодарам на Ротари клубот од Кавадарци, за ова голема донација, со која ги реновиравме кабинетите и просториите на Народна техника. Набавивме нова опрема и техника за нормална работа. Со ова реновирање кое е прво по изградбата на Народна техника, организацијата ке продолжи и понатаму да ја обавува својата дејност за развој на техничката култура преку обуката на млади кадри. Во Народна техника многу млади луге ги изучуваат техничките науки. Голем дел од поранешните членови сега се професионалци, вели Марјан Тодоров-претседател на Народна Техника.
Членот на Ротари клубот д-р Драги Јованов за реализацијата на овој голем проект, истакнува дека е завршено се што е планирано.
- Мислам дека тоа ке биде од корист пред се за младите луге, за да можат паметно и добро да го трошат своето слободно време, не само за развој на техничката култура туку и воопшто културата, односите меѓу себе, да си најдат едноставно место во општеството. Народна техника треба да има свое место во развојот на техничката култура и не само на неа, туку и за развој на младите. Во врска со о реализацијаа на ова голема инвестиција имавме соработка и со Локаланата самоуправа од каде и во иднина очекуваме подршка и продолжување со активности особено со подршка на наставничките колегиуми во училиштата. Значи со една активност и еден ангажман кој ке биде во прилог на зголемување на активностите на младите и нивното присуство тука. Драго ми е што ова што се направи во Народна техника е со наша помош вели д-р Јованов.
Младен Марковски - секретар на Народна техника истакнува дека голема донација во овој прект доби радио клубот вредна неколку илјади евра.
- Се работи за купување на германска опрема , целосно нова радио станица со исправувачи и инструменти,и со гордост можам да кажам дека сме единствен Радио клуб во Македонија кој има добиено ваква нова опрема. Скоро сите слични клубови кај нас купуваат половна опрема која е склона на расипување. Но ние имавме среќа да добиеме целосно нова. Благодарејки на ова иницијатива на Ротари клубот, имаме феноменална нова техника и и опрема на која е милина да се работи.Со обавување на натпреварите кои ги работиме скоро 24 часа, ќе имаме можност да остваруваме и поголеми успеси. На светските и европски натпревари редовно освојуваме награди. Така ова година на Светското првенство на ХСП-Брзо примање и предавање на знаци од морзеовата азбука во Охрид нашиот член Миле Трајков освои бронзен медал, вели Марковски.
Денеска на официјализирањето на големата донација од Ротари клубот од Кавадарци дојдоа поголем дел од членовите кои со своите домаќини извршија увид и посета на изграденоито, а имаа можност да разговарат со учениците кои ги обавуваат курсевите за условите во кои тоа прават. Задоволството и кај двете страни беше очигледно што е и целта на кавадаречките ротаријанци.
М.Димитров
0 comments:
Post a Comment