Wednesday, October 28, 2015

СТАРТУВА ФЕСТИВАЛОТ НА НОВИОТ ГЕРМАНСКИ ФИЛМ


Во Кавадарци со прикажувањето на филмот "Роден во болка", започна најновото 11-то издание на новиот германски филм, кој на кавадарчани ке им ја понуди најновата современа програма на седмата уметност која се произведува во СР Германија.

На отварањето во полната сала на Домот на културата првата филмска проекција беше проследена од ученици од Лозаро-Шумарското училиште „ЃорчеПетров“ и Гимназијата „Добри Даскалов„.

Градоначалникот Александар Панов , кој редовно ги следи настаните од културата и беше домаќин на раководителката на одделот за култура и образование на Германската Амбасада во Скопје, Хелга Тајпел, која веке три години во Македонија ги организира овие манифестации.

Инаку Гереманскиот филм е редовна програма со филмска програма во Прилеп, Битола, Охрид, Куманово, Тетово и Кавадарци.

Госпоѓа Тајпел пред публиката пред првата проекција на филмот "Роден во болка", поздравувајќи ги љубителите на филмот рече дека предвидената програма на филмови е одлична можност да се приближи Германија на македонската публика.

Посетителите ги поздрави и преставничка на Прокредит Банка – од Германија која учествува во реализацијата на овој пороект.
“Новиот германски филм“ прераснува во редовна содржина на Кавадаречката културна есен. Со себе ова културна содржина ги донесува најновите остварувања од германската филмска продукција.

Годинава е предвидено да бидат прикажани шест филмови од различни жанрови (криминални, трилер, комедија, детски) од најновата германска филмска продукција.

За среда со почеток од 17 и 30 и 19 и 30 се закажани проекциите на драмата „Феникс“ и трилерот „Хакери“, во четврток предпладне во термините од 10 и од 12 часот ќе се прикажуваат „Лола на грашокот“ и „Спасете го Рафи“, а фестивалската програма ќе заврши во четврток со проекцијата на комедијата „300 збора германски“ која е закажана за во 19 часот и 30 минути.

Пишува: Марјан Димитров

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП