Јогуртот е омилена ужина за милиони луѓе, освежителен е, полн со корисни бактерии и витамини, но сепак, дали навистина знаеме што се содржи тој?
Неодамна се појави нов извештај од Институтот Корнукопија кој ја критикува модерната прехрамбена индустрија. Тие тврдат дека лесно може да се случи да купите јогурт со преголема количина на неиспитани адитиви.
Шокантното откритие на Институтот Корнукопија го свртува вниманието на штетните состојки кои не се означени на амбалажите.
Институтот две години ги истражувал водечките брендови на јогурт и дошол до шокантни сознанија. Нивните наоди покажуваат дека јогуртите содржат некои загрижувачки состојки кои не се споменати на декларацијата.
Шокиран од своето откритие, институтот поднел официјална жалба во Управата за храна и лекови (FDA) во САД, молејќи ги да ги истражат активностите на некои производители на јогурт на пазарот, бидејќи не ја задоволуваат законската дефиниција на јогуртот.
Ова се четирите многу опасни состојки во јогуртите.
Карагенан
Полисахарид кој се добива од црвени морски алги. Веќе четири децении научниците предупредуваат дека употребата на карагенан не е безбедна за конзумирање на храна. Истражувањата одново покажуваат дека овој полисахарид е поврзан со појавата на гастроинтестинални воспаленија, како и со поголем процент од појавата на запаление на цревните лезии, чиреви, па дури и малигни тумори. Сепак, производителите го игнорираат тоа и продолжуваат да ја користат оваа состојка во јогуртот.
Диметил полисилоксан
Се применува во рестораните како средство против формирање на пена во тавите. Исто така се користи и во производство на јогурт. Меѓутоа, тој не се споменува на етикетата, дури и ако остане талог во јогуртот. Светската здравствена организација ја прогласи оваа супстанција за безопасна, а FDA дозволува да се чува со помош на формалдехид, познато гасовито соединение кое предизвикува оксидативен стрес и го зголемува ризикот од имунолошки заболувања и рак.
HFCS-90
Овој отровен адитив е варијација на високофруктозниот сируп од пченка (HFCS), кој содржи многу поголемо ниво на HFC. Според долгорочната студија на Универзитетот Принстон, ефектот од потрошувачка на HFCS е многу поопасен од употребата на други прости шеќери, како што е сахарозата. Студијата открила дека HFCS-90 не само што допринесува за таложење на масти, туку и значително го зголемува дебелеењето, го зголемува крвниот притисок, допринесува за болести на коронарните артерии, појава на дијабетес и рак. Производителите на јогурт го наведуваат HFCS-90 како „фруктоза“ или „фруктозен сируп“, термини кои можат да бидат поврзани со природни шеќери од овошјата. Меѓутоа, меѓу нив постои голема разлика!
Модифициран шеќер
Оваа високо обработена форма на шеќер не може да биде апсорбирана во дигестивниот трак на човекот. Било која обработена шеќерна трска или шеќерна репка е обично генетски модифицирана. Се обработува со хлороводородна киселина, натриум хидроксид и активен јаглен за пречистување.
Останати хемикалии кои се додаваат во јогуртот
Извештајот од Институтот Корнукопија исто така открива и кои други штетни состојки се додаваат во јогуртот.
Засладувачи: Шеќер, обработен шеќер како што е фруктозниот сируп, фруктозата, декстрозата и уште многу други, вештачки засладувачи како што се аспартам, калиум и сукралоза.
Бои: Вештачки бои, бои од овошје и зеленчук.
Високо преработени, синтетички хранливи материи: витамини и минерали.
Ароми: Вештачки овошни вкусови, природни ароми, јаболкова киселина.
Извор: ФОКС
0 comments:
Post a Comment