По повод 16. Октомври - Меѓународен ден на гладта, вработените од Комерцијална банка Кавадарци и оваа година подготвија 30 пакетчиња со основни прехрамбени артикли за лицата со посебни потреби од Дневниот центар и од посебните паралелки при ООУ Страшо Пинџур.
Денес, во просториите на Црвен Крст Кавадарци, пакетчињата им беа поделени на децата.
Родителите и наставниците на дечињата искажаа огромна благодарност на вработените од Комерцијална банка Кавадарци.
0 comments:
Post a Comment