Tuesday, October 27, 2015

САЕМ НА КНИГА ВО КАВАДАРЦИ


По повод месецот на книгата, вчеравечер, 26-ти октомври, во Кавадарци беше отворен осмиот Саем на книгата, кој традиционално го организира Градската библиотека „Феткин”...



Саемската манифестација ќе трае до сабота до кога ќе се претставуваат издавачките куќи „Култура“, „Три“, „Ѓурѓа“, „Матица македонска“ и „Просветно дело“. Книгите се нудат по саемски цени.

– Се работи за редовна програмска активност со која Библиотеката во Кавадарци ја остварува визијата и мисијата како културно-информативен центар во кој се добива првата информација, место каде се остваруваат културните потреби и желби на граѓаните, рече Трајанка Атанасова, директор на „Феткин”.

Таа нагласи дека книгата има моќ за бришење на разликите меѓу културите.

– Таа е мост меѓу цивилизациите, вредност чие значење не се намалува туку, напротив, станува најзначајна духовна храна без која ние не можеме и без која нема иднина. Разноликоста од книги е нашето заедничко богатство, книгата е најдобриот изум откриен до денес, изум за размена на информации надвор од просторот и времето. Затоа оваа недела и не само оваа недела, да другаруваме со книгата како наш најдобар пријател, додаде Атанасова пред посетителите во библиотеката.

Саемот на книгата се организира во соработка со Општина Кавадарци, и ќе биде отворен од 9 до 20 часот.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП