Monday, October 19, 2015

ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО ЗА ТРОЈНОТО УБИСТВО ВО КАВАДАРЦИ


Процесот не се одржа бидејќи не дојде вештакот Антони Новотни, а новото рочиште е закажано на 9 ноември, на годишнината од настанот




Велес - Рочиштето од судскиот процес за тројното убиство во Кавадарци не се одржа. Во Основниот суд во Велес се чекаше доаѓањето на вештото лице д-р Антони Новотни, но, бидејќи тој не дојде судењето беше одложено. Ова е негово второ отсуство од процесот каде се бара да сведочи за психичката состојба во која бил обвинетиот Тони Станоев кога го сторил делото. Новиот термин за судењето е закажан за 9 ноември.

Одолговлекувањето на процесот ги разлути блиските на убиените кои велат дека секое рочиште и соочување со обвинетиот за нив е нова животна драма.

„Во војната нема тројца убиени од една куќа. А, нам токму тоа ни се случи. Многу тешко ни паѓа доаѓањето на судење. Тоа никој го нема доживеано, три лица од исто семејство да бидат убиени. Сега, пак, следното рочиште е закажано точно на годишнината од настанот“, велат блиските на убиените.

Тие посочуваат дека последните два месеца почнале да добиваат ноќни повици на мобилен телефон од скриен број, а никој не зборувал на телефонот, туку само молчел. Ова длабоко ги вознемирувало, бидејќи не знаат кој стои зад тоа, но велат дека тоа е кошмар за нив.

Обвинителството го товари Станоев (41) дека на 9 ноември 2014 година сторил три убиства и од живот ги лишил таткото Илија (61), мајката Билјана (56) и сестрата Снежана (33) Леови на неговата сопруга Данче. Делото го сторил со умисла во семејниот дом на Леови кога тие се подготвувале за неделен ручек. (П.П.)


0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП