Monday, October 19, 2015

КК „УРБАН ИНВЕСТ“ НА „БЕЛГРАДСКИ ПОБЕДНИК“ СО ПОВЕЌЕ МЕДАЛИ

На 17 октомври 2015 година, во Белград, Србија се одржа Меѓународниот турнир „Белградски победник 2015".


На натпреварот учествуваа 1.250 натпреварувачи од 100 клубови и 9 држави. 

Од КК „Урбан Инвест“ настапија: Владанка Аврамова, Моника Коцх, Лили Маневска, Петар Аврамов, Никита Николоски, Лазар Стоев, Александар Стојков, Данка Стојкова, Мелани Богева, Звонко Николоски, Филип Гурев, Благоја Трајков, Димитар Станоев, Стефанија Грозданова, Марија Трајкова и Анастазија Ристов. 

КК Урбан Инвест освои 3 златни медали, 6 сребрени и 4 бронзени медали.


Златни медали освоија:
  • Владанка Аврамова - кати поединечно 2002 година, А класа.
  • Петар Аврамов - кати поединечно 2004 година, А класа.
  • Данка Стојкова - кати поединечно 2006 година, апсолутно ниво.
Сребрените медали пак отидоа во рацете на :
  • Владанка Аврамова - кати поединечно 2002 година, апсолутно ниво.
  • Петар Аврамов - кати поединечно 2004 година, апсолутно ниво.
  • Никита Николоски - кати поединечно 2004 година Б класа
  • Ката тим кадетки - јуниорки во состав: Лили Маневска, Владанка Аврамова и Моника Кох.
  • Ката тим машки 2004 година: Петар Аврамов, Никита Николоски и Лазар Стоев.
  • Ката тим женски 2004 година: Стефанија Грозданова, Анастазија Ристов, Мелани Богева и Марија Трајкова.
Брозени медали пак освоија: 
  • Александар Стојков - кати поединечно 2006 година, Ц класа.
  • Марија Трајкова - кати поединечно Ц класа.
  • Анастазија Ристов - кати поединечно Ц класа.
  • Ката тим машки 8/9 години: Александар Стојков, Димитар Станоев и Благоја Трајков.
(М.Д.)

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП