Monday, October 19, 2015

САЕМ ЗА ВОНУЧИЛИШНИ АКТИВНОСТИ ВО КАВАДАРЦИ


Во Кавадарци денес, на Спортскиот центар ,,Јасмин“ се одржува четвртиот по ред саем за вонучилишни активности.


Учествуваа над 20 спортски клубови, НВО, културно уметнички друштва, здруженија на граѓани, народна техника и други организации, кои имаат за цел да воспитуваат и одржуваат здрава младинска популација.

Младите луѓе само преку членување во некој од нив можат да сметаат дека правилно го потрошиле своето слободно време а притоа да бидат поблиски до вистинските вредности на општеството, а истовремено подалеку од модерните негативни предизвици .
Граѓаните од Кавадарци можат да го проследат овој саем преку целиот ден.


- Целта е, вели претседателот на Општинскиот Совет за за превенција од малолетничко престапништво, Димитар Каракулев, младите да не претеруваат на трошењето на времето пред компјутер, во кафулињата или да бидат препуштени на улицата или пороците на модерното живеење. 

На штадовите на повеке здруженија и НВО, овде во Кавадарци можат да се видат предлозите за разни вонучилишни активности. Причина повеќе родителите, бабите и дедовците да ги видат своиоте деца и внуци на штандовите на саемот, а оние кои сеуште не одбрале каде да го поминуваат своето слободно време надвор од училиштето ова е шанса да се добие идеја каде да го сторат тоа. 

Преку денот саемот се очекува да го посетат над 4.000 ученици од сите училишта. Сите учесници годинава беа дел од дефилето со што посетителите имаа поголема прегледност, а истовремено целата манифестација доби нова димензија. 

И овој четврти Саем на вонучилишни активности е во оранизација на Општинскиот совет за превенција против малолетничко престапништво, кој и годинава беше на висината на својата обврска и задача.

Пишува: Марјан Димитров

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП