Monday, October 19, 2015

ВАКЦИНИРАНИ 300 ЛИЦА ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП ВО КАВАДАРЦИ


За три дена од стартот на вакцинирањето против сезонски грип во Кавадарци, 300 лица примиле вакцини во Центарот за јавно здравје, најголем дел од нив, хронично болни.



„За почеток обезбедивме 720 вакцини против сезонски грип, но ќе обезбедиме и дополнителни вакцини доколку има потреба од тоа, со оглед на тоа што лани беа вакцинирани 810 лица, соопшти утринава Ристе Јовановски, епидемиолог во Центарот.

Тој посочи дека за вакцина се заинтересирани лица од различни возрасти, но најмногу тие над 65 годишна возраст и хроничните болни.

„Оваа вакцина е препорачлива за срцево и бубрежно болни, дијабетичари, лица со белодровни заболувања и хронични болни, но би било потребно да ја примат и шалтерски работници и лица кои работат во јавни служби, нагласи Јовановски. Препорача до сите граѓани, овој период да избегнуваат групни собирања во затворени простории, а во домашни услови, често да проветруваат и да имаат пригодно загревање. Рече дека вакцинираните се 90 отсто заштитени од заболувања од сезонски грип.

Извор: FOX.mk

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП