Thursday, October 22, 2015

ЗАГРИЖУВАЧКА Е СОСТОЈБАТА КАЈ СЕЛСКИТЕ ВОДОВОДИ ВО КАВАДАРЕЧКО И РОСОМАНСКО


Исправна е водата за пиење од регионалниот водовод Лукар, но загрижувачка е состојбата кај селските локални водоводи во кавадаречко и росоманско, информира денеска д-р Трајче Ризов, специјалист по хигиена и раководител на кавадаречката поздрачна единица на Јавната здравствена установа Центар за јавно здравје Велес.



Според Ризов, кавадаречкиот Центар редовно ги следи квалитетот и микробиолошката исправност на водата за пиење во општина Кавадарци и Росоман како на градскиот водовод Лукар, така и на селските локални водоводи. Секој месец имаат одреден број мостри вода од градската мрежа по договор со ЈП „Комуналец“ и одреден број т.н теренски мостри од локалните селски водоводи, како од селата од Бошавијата, така и од селата во Црноречието кои се по Програма за превентивна здравствена заштита на населението од заразни болести.

- Резултатите од анализите на земените мостри вода од мрежата на градскиот водовод Лукар обично покажуваат исправност на водата за пиење, со исклучок кога имаме повеќедневни поројни дождови кога доаѓа и до заматување на водата и во такви случаи се известуваат граѓаните преку медиумите, нагласи Ризов.

И додека сегашната состојба покажува исправност на водата за пиење од градскиот водовод Лукар, Ризов нагласува дека со водата од селските локални водоводи состојбата може да се каже дека е загрижувачка, бидејќи резултатите од анализите на земените мостри вода обично покажуваат висок процент на бактериолошка неисправност.

-Тоа е така бидејќи се оставени сами на себе односно на месните заедници и поради немање на материјални средства, не се врши дезинфекција на водата и санација на водоводните објекти. На крајот на секој месец за неисправните мостри вода даваме известување до Центар за управување со кризи и Агенцијата за храна и ветеринарство, додаде Ризов.


0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП