Tuesday, October 20, 2015

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ: ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање на барања за користење на средствата од Буџетот на Општина Кавадарци за 2016 година, наменети за финансирање на проекти и програмски активности на здруженија и фондации.


Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Кавадарци за 2016 година наменети за финансирање на проекти и програмските активности на здруженија и фондации, ќе се врши согласно Кодексот на добри практики за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации (“Службен весник на РМ”, бр. 130/07). 

Сите заинтересирани Здруженија и Фондации своите предлози треба да ги достават до Општина Кавадарци, Сектор за локален економски развој. Средствата се однесуваат за планирани активности и проекти за период до крајот на 2016 година. Средствата ќе се обезбедат од Буџетот на Општина Кавадарци за 2016.


Основни организациски критериуми:


Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат здруженијата и фондациите кои учествуваат на овој повик се: 

- Да се регистрирани според Законот за здруженија и фондации со седиште во Кавадарци;
- Да спроведуваат активности од минимум една година;
- Да се занимаваат со активности и проекти од јавен интерес;
- Да не добиле средства или поднеле пријава од/до друг орган на државната управа или други извори за иста намена и активности за кои поднесуваат пријава, а што би значело двојно финансирање на истите активности од различни извори.
Задолжителна документација за аплицирање
- Компјутерски пополнета Пријава за финансиска поддршка на здруженијата и фондациите, потпишана од застапникот на здружението или фондацијата и заверена со печат на здружението или фондацијата;
- Фотокопија од решението за регистрација на здружението или фондацијата;
- Жиро сметка од здружението или фондацијата;
- Годишен извештај за спроведени активности на здружението или фондацијата за претходната година, финансирана од буџетот на Општина Кавадарци.
НАПОМЕНА: Пријавите кои не ја исполнуваат комплетноста на задолжителната документација не се разгледуваат понатаму. 

Рок и начин на доставување на пријавите


Крајниот рок за поднесување на пријавите е 15 дена од објавувањето на огласот или најкасно до 03.11.2015 година, до 16:30 часот. Пријавите со целокупната документација се доставуваат исклучиво лично или по пошта (пријавите доставени по e-mail или факс нема да бидат разгледувани), на адреса: Плоштад Маршал Тито бб. Кавадарци, Сектор за локален економски развој; или во соба бр.17 Граѓански услужен центар до 16:30 часот (со назнака -– Пријава за оглас).
Пријавата за финансиска поддршка на здруженија и фондации, како Образецот за предлог - проект се достапни на интернет страната на Општина Кавадарци:www.kavadarci.gov.mk.


0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП